Балотели „распука“ по медиумите: Покрај ваква Италија, јас сум ви главна вест?

405

Контроверзниот италијански фудбалер, Марио Балотели се најде во медиумите поради свој испад за време на ноќна забава со пријателите. Марио се опил до толку што другарите морале да го носат на раце затоа што неколку пати паднал на земја. Низ медиумите тоа е ударна вест, а Марио одговори:
Го видов видеото во кое се дружам со пријателите. Не гледам проблем, се забавувам и шегувам без да повредам некого. И ме осудувате за што? Зошто не ги објавите видеата и фотографиите кои ги направив со луѓе? Бев достапен за секого, се фотографирав со секој кој го побара тоа од мене…
А после она што го прикажа Италија на ЕП, главна вест ви е тоа што сум бил пијан… Ајде бидете малку посериозни“, напишал Марио на социјалните мрежи.

ПретходноПолувреме: Роналдо и компанија притискаат, Словенците одлично се бранат, 0:0 е во Франкфурт!
СледноЗарем е можно? Хабиб е пред банкрот?! Руските власти му ги замрзнале банкарските сметки!