Белингем и Рајс ја пропуштаат Швајцарија?

5227

Англија ја пројде Словачка по продолженијата, а во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Швајцарија. Она што ги загрижува Англичаните е можната суспензија на двајца играчи – Џуд Белингем и Деклан Рајс.
Белингем даде гол со ножички во 95. минута за изедначување, а потоа прославуваше држејќи се за меѓуножјето што е простачки акт кој УЕФА може да го санкционира. Исто така Рајс го навредуваше словачкиот селектор, а тоа го уловија камерите.
Дисциплинците на УЕФА ќе го разгледаат однесувањето на двајцата и ќе оценат што ќе прават. Можно е двајцата да бидат суспендирани за дуелот со Швајцарците.

ПретходноФранцуски интернационалец во редовите на Брера Струмица
СледноАлекса Аврамовиќ го напушта Партизан, познато е името на новиот клуб