“Бомба“ во Струга: Шампионот се засили и со Стефан Спировски! (ВИДЕО)

589

Најавите се остварија, Стефан Спировски (33) потпиша за Струга ТЛ и сега шампионот има навистина одличен тим. Се засили со репрезентативен играч за врска кој има 55 настапи за нашата најдобра селекција, а има играно и за Пелистер, Работнички, Вардар потоа во клубови од Србија, Бугарија, Унгарија, Израел, Кипар, Ерменија.

Нема дилеми, шампионот воопшто не се шегува, не замо што ги задржа Ибраими и Шабани, туку се засили со неколку екстра квалитетни имиња и ако нема некои сензации ова лето во другите клубови во ПМФЛ, тогаш Струга ТЛ со право ќе атакува на својата трета титула и по се изгледа дека ќе нема вистинска конкуренција.

Се разбира дека тимот на Ќатип Османи ова лето да мине и неколку кола во фудбалска Европа.

ПретходноСаутгејт: Размислував да го заменам Белингем
СледноНБА „бомба“: Пол Џорџ за нова голема тројка во Сиксерс