Ништо од Вардар, Филип Најдовски се врати во Тирана

2475

Чекањето не вроди со плод, работите во ФК Вардар споро се решаваат па така и фудбалерите кои беа на листата на желби во еден ден збришаа и среќата ја побараа во други екипи. По Стефан Спировски кој замина во Струга Трим Љум и Стефан Деспотовски во Шериф од Молдавија, уште една „црвено-црна“ желба за големо засилување остана само пуста желба.

Филип Најдовски одлучи да ја прифати понудата за нов договор со албанскиот тим Тирана. Тој во изминатите 3 сезони со успех ги бранеше боите на најтрофејниот клуб од нашето западно соседство. Искусниот играч од одбраната доволно чекаше на Вардар, но на првиот дел од јули одлучи да се врати во старата средина и клуб во кој спортски директор е Агим Ибраими. Тирана ова лето ќе игра во Конференциската лига а првата препрека е екипата на Торпедо Кутаси. Во минато нашиот фудбалер беше и капитен на „сино-белите“ од Албанија.

ПретходноПолувреме: Без голови во Дизелдорф, Франција беше поблиску до водство!
СледноДе Брујн откри каде ќе игра следната сезона