Португалците преку пенал – рулетот ја победија херојската Словенија! “Плачкото“ Роналдо си закажа дуел со Мбапе!

368

Драма во Франкфурт со среќен крај за Португалија. Пенал – рулетот беше среќен за Роналдо и компанија, а најмногу на Диого Коста кој има фати три пенали на Словенците, додека неговите соиграчи трипати беа прецизни и затоа Португалија оди натаму со 3:0 по пенал – рулетот.

Откако по 120 минути на осминафиналниот меч меѓу Португалија и Словенија немаше голови, оваа драма мораше да заврши на пенали, а таму подобри беа Португалците кои си закажаа дуел во 1/4 финалето со Франција. Значи ќе следиме мега – дуел меѓу Роналдо и Мбапе.

Како што и беше за очекување, Португалија тргна офанзивно, веднаш го имаше поседот и тргна во атак кон голот на Јан Облак. Рафа Леао уште во 3.минута имаше можност за рано водство, но за негова несреќа не ја зафати топката и таа шанса пропадна. Неколку минути и Бруно се закани, но сепак Словенија остана несовладана. Следуваа серија на удари на Роналдо кој се обидуваше од секаква позиција да го постигне својот прв гол на ова ЕП за водство на неговата Португалија, но сепак гол немаше. Најблиску до гол и водство за неговата селекција беше во таа 38.минута кога Роналдо испрати “бомба“ од слободен удар од 18 метри, но сантиметри го делеа од гол.

Во самиот финиш на првиот дел и двете екипи можеа на пауза да заминат со водство. Прво Шешко се закани, за да во 45+2.минута Палиња ја погоди стативата на Облак.

Во второто полувреме Португалија тргна уште поофанзивно, имаше акции и неколку шанси и опасни закани.Image

Во 55.минута Роналдо повторно во главна улога, шутираше силно од слободен удар, но Облак повторно беше на своето место.

Сепак зицерот го имаше Словенија и тоа преку Шешко во 62.минута кога истрча и се најде пред голот на Португаците, но шутираше очајно, очигледно заморорот по спринтот го стори своето.

Штета за Словенците, тоа беше златна шанса за гол и водство. Роналдо врати во 89.минута, од лево убаво шутираше, но Облак фантастично одбрани.

Откако немаше голови, овој меч отиде во продолженија. А таму во 104.минута беше досуден сомнителен пенал за Португалија, Роналдо го изведе а Облак го одбрана.Image

Нема среќа Кристијано, но словенечкиот голман беше маестрален и фантастичен. По ова Роналдо плачеше како мало дете.

А Шешко во 115.минута имаше златна шанса, имаше повеќе од зицер, но Диого Коста фантастично одбрани.

Немаше гол и по 120 минути па оваа драма заврши со изведување на пеналите.

Претходно„Бомба“ во НБА: Клеј Томпсон ќе игра заедно со Лука Дончиќ!
СледноСамо Диого Кошта и никој друг! Херојот на Португалија испиша историја! (ФОТО)