Тимот на Бутел Скопје се засили со кадетскиот репрезентативец Матеј Новаковски, кој настапува на позицијата кружен напаѓач. Новаковски доаѓа од тимот на Алкалоид и се обврза на договор од три сезони со новиот клуб.
Претходно скопскиот Суперлигаш ги засили своите редови со кружниот напаѓач Драган Шољиќ, левите бекови Тодор Узунчев и Теодор Тодески, како и десните бекови Димитар Узунчев и Мартин Петровски.