Англија по пресврт после продолженија успеа да обезбеди место во четвртфиналето на Европското првенство кое се одржува во Германија. Против Словачка славеше со 2-1, а херојот беше Џуд Белингем, кој во 94. минута со „ножички“ донесе изедначување.
По дуелот, селекторот на Англија, Герет Саутгејт откри дека размислувал да замени.
„Горд сум на овие играчи за духот кој го покажаа. Сите кои настапија помогнаа да се пласираме понатаму и тоа направи голем разлика. Белингем? Фантастичен е. Размислував дали да го заменам, но знаете дека тој е способен за вакви моменти. Кејн е исклучително добар голгетер, беше фантастичен како капитен и ни помогна да ја задржиме стабилноста“, изјави Саутгејт