Од денеска и дефинитивно Работнички е во погон што се вели. Шефот на стручниот штаб Горан Станиќ, во придружба на спортскиот директор Сенад Муминовиќ и своите помошници, прво прозиваше а потоа и означи старт на подготовките за следната сезона.
Факт е дека играчкиот кадар на клубот од Дебар Маало ќе претрпе промени, дел од играчите од минатата сезона си заминаа, сега потег е раководството на клубот да донесе адекватни засилувања.