Стефан Деспотовски е нов играч на Шериф Тираспол

595

Капитенот на младинската репрезентација на Македонија и досегашен член на Работнички, Стефан Деспотовски, потпиша двегодишен договор со најдобриот клуб од Молдавија, Шериф од Тираспол. Дефанзивецот му пристапува на трофејниот клуб како слободен играч откако му заврши соработката со ” Дебармаалци”.

Со ова, некогашниот младинец на Партизан, Црвена Звезда, Чукарички и Графичар го прави првиот сериозен трансфер во кариерата и го потврдува својот несомнен квалитет и потенцијал.
Секако дека сум пресреќен што станувам дел од вака голем и сериозен клуб кој што во минатото има настапувано во групната фаза во Лигата на Шампионите. Голема благодарност до сите оние кои што се заслужни за овој трансфер, пред се до мојот агент Александар Бајевски и до мојот досегашен клуб ФК Работнички“ изјави за СпортСпорт македонскиот младински репрезентативец – Стефан Деспотовски.

ПретходноАлекса Аврамовиќ го напушта Партизан, познато е името на новиот клуб
СледноРК Бутел го потпиша кадетскиот репрезентативец Новаковски