Успешна “генералка“: Шампионот во пријателски меч го “реши“ и Љапи!

330

Попладнево на Градскиот стадион во Струга, во пријателски меч нашиот шампион успеа со 2:0 да слави над Љапи, тим од Косово.Стрелци на головите беа Радески во 28.минута и Компаоре во 62.минута.

Ова беше четврта контрола ова лето за тимот на стратегот Ќатип Османи и трета победа во низа. Ова беше и “генералка“ за настапите на евро сцената. Со ваквите игри и победи се чини дека Струга ТЛ и тоа како подготвена го чека двомечот со Слован во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

ПретходноФранција со среќен гол ја “скрши“ Белгија и се пласира во 1/4 финалето! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноНајавено па потврдено: Тиквеш го промовираше Петровиќ, ново име е и Ахмети! (ФОТО)