Наполи потврди кои шест играчи повеќе не се дел од тимот

461

Денеска е денот кога голем број фудбалери остануваат без договори. Наполи е клубот кој денеска објави дека шест играчи ја завршиле својата мисија во клубот.

„Сакаме да им се заблагодариме на секој од нив за нивниот професионализам и посветеноста на Наполи за време на нивниот престој во Неапол. Им посакуваме се најдобро во иднина“, напишаа од клубот.

За кои играчи зборуваме?

Пјотр Зиелински е дефинитивно најголемото име, му истекува договорот, најверојатно ќе премине во Интер. И Хуберт Идасијак и Диего Деме се играчи кои остануваат без договори и преговараат со други тимови.

Од друга страна, Леандер Дендонкер, Пјерлуиџи Голини и Хамад Траоре беа вратени од позајмици, тие се вратија во своите клубови и тоа Астон Вила, Аталанта и Борнмунт.

ПретходноВенгер со критика до Англичаните: Играат многу бавно, премногу се предвидливи
СледноСаутгејт: Размислував да го заменам Белингем