НБА „бомба“: Пол Џорџ за нова голема тројка во Сиксерс

271

НБА ветеранот Пол Џорџ ќе стане нов член на Филаделфија 76ерс, пренесува Адријан Војнаровски.

Деветкратниот Ол-стар ќе потпише четиригодишен договор вреден 212 милиони долари со Сиксерс, каде што го чекаат минатогодишниот МВП Џоел Ембид и новопечениот кандидат Тајрис Макси.

И Ембид и Џорџ се меѓу најдобрите играчи на денешницата без трофеј, па веројатно ова ќе биде последна шанса за „српскиот зет“ и за Сиксерси во ерата „Процес“ да дојдат до трофеј.

Минатата сезона Џорџ запиша 22,6 поени, 5,2 скока и 3,5 асистенции за Клиперс. Тие се пласираа во првото коло од плеј-офот каде беа елиминирани од Далас Маверикс.

Во својата кариера играше и за Индијана Пејсерс и Оклахома Сити Тандер.

Претходно“Бомба“ во Струга: Шампионот се засили и со Стефан Спировски! (ВИДЕО)
СледноКупен е во 2022 година за 850.000 евра, сега вреди 35 милиони и одбива трансфер во Баерн