Утре попладне, некаде околу 16 часот а може и подоцна, Новак Ѓоковиќ ќе тргне по својата осма титула на Вимблдон. И покрај сите проблеми што ги имаше со коленото, најдобриот тенисер во историјата, барем според неговите зборови е подготвен и очекува добри настапи на најважниот турнир во светот.
Противик во 1.коло е Вит Коприва од Чешка, кој е на 123.место на АТП листата. Досега овие двајца тенисери се немаат сретната.
Инаку Вимблдон започна денеска а дел од фаворитите го одработија успешно стартот. Па така во нареднато коло веќе се пласираа Карлос Алкараз, Каспер Руд, Григор Димитров, Данил Медведев.