Јунјатед сака играч на ПСЖ од 60 милиони евра, Бразилците го урнаа рекордот

932

Играч за врска на ПСЖ, Уругваецот Мануел Угарте (23) е желба на Манчестер Јунајтед, пишува Фабрицио Романо. Се очекува наскоро англискиот клуб да испрати официјална понуда, но Угарте сигурно нема да биде евтин со оглед на тоа што во ПСЖ пристигна пред само една година за 60 милиони евра од Спортинг.

Алмада го собори бразилскиот рекорд
Бразилскиот Ботафого за 20 милиони евра го донесе аргентинскиот репрезентативец Тиаго Алмада (23) од американската Атланта Јунајтед. Така е остварен најголемиот дојдовен трансфер во историјата на бразилското првенство. Ова дело е дел од соработката помеѓу Ботафого и Лион. По шест месеци минати во Бразил, Алмада ќе се пресели во француски клуб.

ПретходноРемито без голови го остави Мексико во солзи
СледноИлија Абутовиќ ќе го засили Пелистер?