ЕХФ ќе ја блокира БиХ поради долг кон некогашен македонски селектор!

2250

Црни денови и претстојат на ракометна БиХ. Имено Ракометниот сојуз на БиХ објави драматично соопштение во се кое вели дека ЕХФ ќе ги суспендира сите нивни репрезентации, клубови и службени лица доколку до 15 август му биде исплатен долгот на нивниот поранешен селектор Ивица Обрван, инаку некогашен селектор и на Македонија.

Хрватот кој од 2013 до 2016 беше селектор на Македонија, кормилото на БиХ го презема во 2021, а во март 2022 поради неисплатени долгови замина од кормилото на репрезентацијата.

Долгот на РС на БиХ кон Ивица Обрван комплентно сега изнесува околу нешто помалку од 139.000 евра. Сојузот на БиХ во соопштението нагласува дека ова е проблем што нема да може да го реши сам и бара помош за спас на ракометот.

ПретходноДенеска на ЕУРО: “Лалињата“ фаворити против Романија, Австрија на мегдан со Турција!
СледноДе Брујне се изнервира: “Глупердо една!“ (ВИДЕО)