Македонскиот кошаркарски репрезентативец Итан Хап од денеска е нов кошаркар на Валенсија.
Американскиот центар со македонски пасош потпиша двегодишен договор со шпанскиот тим, откако се збогуваше со екипата на Гран Канарија. 28-годишниот Хап ќе остане во Валенсија до 2026 година.
Во натпреварите од шпанското првенство Хап имаше просек од 12,4 поени и 5,4 скока по натпревар.