Кошаркарите на Бразил со победа над Црна Гора од 81-72 во групата Б2 ги почна квалификациите за Летните олимписки игри во Париз. Црногорците беа подобри по првите две четвртини 36-42, но Бразилците направија пресврт благодарение на одличната игра на Бруно Кабокло и Марсело Уертас.
Кабокло, кој е играч на Партизан, постигна 25 поени имаше и девет скокови, а Уертас заврши со 17 поени. Овој триумф би требало на Бразилците да им донесе сигурен пласман во полуфиналето, а доколку ја оправдаат фаворитската улога против Камерун во второто коло од групата, четата на Александар Петровиќ може да има полесен противник во доигрувањето.
Кај Црногорците најефикасен беше Вучевиќ со 17 поени и 13 скокови. Вториот меч Црна Гора ќе го игра со Камерун и со пораз ќе значи испаѓање од трката за пласман на ОИ.