Агентот на Рајковиќ: По ЦСКА тој размислува само за Евролигата

477

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ се уште нема ангажман по заминувањето до клупата на руска ЦСКА Москва. Според агентот на Рајковиќ, Станислав Рижов, екс-тренерот на ЦСКА е подготвен да ја започне сезоната и без тим, се додека не добие некоја добра понуда.

„Најверојатно, Емил ќе ја започне сезоната како слободен тренер. Имаше многу понуди од просечни тимови, но по ЦСКА тој размислува само за Евролигата или некои од најдобрите тимови од Еврокупот и Лигата на шампионите“, изјавил Рижов за руските медиуми.

Раиковиќ беше на чело на ЦСКА од јуни 2022 година до април оваа година.

ПретходноАнгличаните пласманот во четвртфиналето го прославија со концерт на Ед Ширан (ВИДЕО)
СледноАК Делта победник на атлетскиот Куп на Македонија