АК Делта победник на атлетскиот Куп на Македонија

189

Викендов на Арената “Тоше Проески” се одржа Купот на Македонија за сениори и сениорки како најголемото атлетско натпреварување организирано од страна на Атлетската Федерација на Македонија.

На ова првенство учество зедоа повеќе од 20 клубови и 120 атлетичари кои се бореа за победник на Купот на Македонија, натпреварување кое по карактер е екипно првенство на кое атлетичарите и атлетичарките, согласно остварените резултати и исполнетите “норми„, собираат бодови кои ќе им послужат за што повисоко рангирање на своите клубови.

Севкупен победник на Купот на Македонија за 2024 година е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е 4-та освоена титула од ова натпреварување.

Најдобрите клубови во машка и женска конкуренција се следните :

СЕНИОРКИ

1 место со 410 бодови АК Куманово

2 место со 293 бодови АК Делта

3 место со 274 бодови АК 7ми Мај

СЕНИОРИ

1 место со 939 бодови АК Делта

2 место со 517 бодови АК Куманово

3 место со 279 бодови АК 7ми Мај

СЕВКУПЕН ЕКИПЕН ПЛАСМАН 

1 место со 1232 бодови АК Делта

2 место со 927 бодови АК Куманово

3 место со 553 бодови АК 7ми Мај

ПретходноАгентот на Рајковиќ: По ЦСКА тој размислува само за Евролигата
СледноКимих: “Не знам дали Шпанците се среќни што ќе играат со нас“!