Англичаните пласманот во четвртфиналето го прославија со концерт на Ед Ширан (ВИДЕО)

52

Светската музичка ѕвезда Ед Ширан специјално бил ангажиран да ги забавува англиските репрезентативци по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024.

Според ESPN, во понеделникот британската музичка ѕвезда настапи во англиската база во Бланкенхајн, каде што е сместен тимот на Герет Саутгејт за време на Евро 2024 година. Претходно, Ширан присуствуваше на натпреварот против Словачка во 1/8 финалето, каде Англија победи во продолженијата.

Да напоменеме дека Ширан ја посети и селекцијата на Англија и на претходното Европско првенство.

ПретходноШтип УГД ќе биде македонски претставник во Балканскиот куп
СледноАгентот на Рајковиќ: По ЦСКА тој размислува само за Евролигата