Брилијантен старт на Ѓоковиќ на Вимблдон

2061

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во второто коло на Вимблдон по победата над Вит Коприва со максимални 3-0. По 119 минути игра Ноле изгуби само пет гемови 6-1, 6-2 и 6-2.
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со победникот од дуелот Џејкоб Фернли и Алехандро Моро Кањас.

Добро се чувствував. Не знам како ќе биде на теренот поради коленото, затоа што на тренинг е поинаку од натпревар. Пробав да се фокусирам на играта и да не мислам на коленото. Со тимот направив се што можев да бидам тука денес. Да беше било кој друг турнир, немаше да ризикувам“, изјави Ѓоковиќ.

Покрај Ѓоковиќ во второто коло ќе играат и Хуркач, Мусети, Де Минаур, Нишиока, како и Зверев кој го елиминира Карбаљес Баена со максимални 3-0.

 

ПретходноСветски шампион во скок во височина пронајден мртов во Преторија
СледноУертас и Кабокло ја оддуваа Црна Гора – Бразил со победа ги почна квалификациите за ОИ