Со голот на Коди Гакпо во 20 минута, репрезентацијата на Холандија ја совлада Романија со 3:0 и се пласира во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во Германија. На „Алијанц арена“ во Минхен, Холанѓаните беа доминантни имаа повеќе шанси, а искористија само една што беше доволно за победа.
Во 20 минута Гакпо шутна од косо по земја и го совлада романскиот голман (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). По првото полувреме Холандија освен што имаше посед имаше и 10:0 во корнери. Во првиот дел од бројните шанси ги издвојуваме на Де Фрај и на Дамфрис.
Во второто полувреме Мемфис Депај не погоди, шутот на Ван Дајк заврши во стативата, во 65 минута Гакпо повторно во ситуација по која постигна гол кој беше поништен од ВАР поради офсајд.
Во 84 минута се беше решено. Гакпо одработи се, му асистира на нововлезениот Дони Мален кој го погоди голот (ГОЛОТ НА МАЛЕН НА ОВОЈ ЛИНК). Во 94 минута Мален истрча во контра успеа да им избега на романските дефанзивци и очи во очи со романскиот голман ја смести топката во мрежата (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Холандија победи со 3:0 и во четвртфиналето ќе го чека подобриот од Австрија-Турција.
На крајот статистиката вели Холандија испратила 24 удари (6 прецизни) кон противничкиот гол, а Романците само пет (еден прецизен).