Донован Мичел уште три сезони ќе игра за Кливленд

46

Поентерот на Кливленд Кавалирс, Донован Мичел се согласил на продолжување на договорот со Кавс. Инсајдерот Адријан Војнаровски објави дека станува збор за договор за период од три години со вкупна вредност од 150,3 милиони долари. Договорот вклучува опција и за играч за последна сезона.

Мичел е во Кливленд од 2022 година. Минатата сезона одигра 55 натпревари од регуларната сезона, во кои имаше просек од 26,6 поени, 5,1 скока и 6,1 асистенции. Во плеј-офот, Донован имаше просек од 29,6 поени, 5,4 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

ПретходноЧелзи за 30 милиони фунти купи фудбалер на Лестер
СледноГакпо и Мален ги „решија“ Романците – Холандија оди во четвртфиналето на ЕП (видео)