Кадетите утре во Тирана против Албанија стартуваат на Балканското првенство

55

Кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години пристигна во Тирана, Албанија, каде утре ги започнува настапите на Балканското првенство. Генерацијата предводена од селекторот Ванче Санев ќе биде дел од само четири селекции кои во оваа возрасна категорија ќе се борат за балканската титула.

Покрај Македонија на БП во Тирана ќе се натпреваруваат и селекциите на Албанија, Црна Гора и Србија. Македонија утре во 1. коло ќе се сретне со селекцијата на Албанија, а мечот е закажан со почеток од 18 часот. Во 2. коло в четврток од 15.30 часот ќе играме со главниот фаворит Србија, додека во последното коло во петок наш противник ќе биде селекцијата на Црна Гора.

Со оглед на тоа што оваа генерација предводена од селекторот Санев и помошниците Миодраг Новески и Кристиан Ристески веќе имаше победи над истите состави на Албанија и Црна Гора, може да очекуваме кадетите да се впуштат и во битка за медал.

Селекторот Санев за ова БП ги одбра следните играчи:

ПретходноСимонс се договорил со Баерн, се чека „амин“ од ПСЖ
СледноСветски шампион во скок во височина пронајден мртов во Преторија