Играчот од средниот ред Кефрен Турам ќе биде нов фудбалер на Јувентус, пренесува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо. Двете страни постигнале договор, а Ница како отштета ќе добие 20 милиони евра, сума која може да достигне и до 25 милиони евра во форма на бонуси.
23-годишниот Французин ќе потпише договор до јуни 2029 година.
Кефрен Турам е помладиот брат на Маркус Турам кој игра во Интер. Двајцата се синови на славниот француски фудбалер Лилијан Турам.
Интересно, Кефрен е роден во Реџо Емилија во Италија, но фудбалот го почнува во Франција, прво во младинските екипи на Булоњ и Монако, а во Ница е од 2019 година.