Контроверзниот италијански тренер на клупата на Емполи

521

Емполи објави дека новиот тренер на екипата е Роберто Д’Аверса со кого е потпишан договор до летото 2026 година. Претходно, Роберто беше тренер на Виртус, Парма и Сампдорија, а последен клуб му беше Лече од каде што беше отпуштен во март оваа година.
Причината за отказот беше инцидентот за време на натпреварот со Верона во Серија А, кога Роберто го глава го удри противничкиот играч Том Анри.
По силен притисок, клубот му врачи отказ, па италијанскиот тренер беше без работа се до сега кога ја прифати понудата на Емполи.
Инаку Емполи заврши на 16 место во Серија А, а во текот на минатата година три пати менуваше тренер.

ПретходноКефрен Туран потпишува со Јувентус
СледноЛудо: Тотенхем плати 40 милиони фунти за 18-годишниот Арчи Греј