„Летаат“ казни и суспензии: На Копа Америка селекторите добиваат суспензии поради телевизиските права?!

168

Поради доцнењето на тимовите во второто полувреме на натпреварите на Копа Америка, селекторот на Аргентина Лионел Скалони, на Чиле, Рикардо Гарец и на Венецуела Фернандо Батиста, добија забрана за водење на своите селекции на еден натпревар, а пред последното коло истото беше изречена казна за селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, па тој не можеше да го води тимот против САД.

Заедно со селекторите и сите Фудбалски федерации се казнети со по 15.000 долари.

„Во соблекувалната се случува голема драма и претходно имаше разбирање од КОНМЕБОЛ. На овој турнир тие се многу строги по тоа прашање“, изјави помошниот тренер на Уругвај, Диего Рејес.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација изрекува казни поради притисокот од организаторите на турнирот и телевизиските компании од САД кои ги емитуваат средбите на англиски и шпански јазик и инсистираат на строго почитување на саатницата.

ПретходноКимих: “Не знам дали Шпанците се среќни што ќе играат со нас“!
СледноСимонс се договорил со Баерн, се чека „амин“ од ПСЖ