Лудо: Тотенхем плати 40 милиони фунти за 18-годишниот Арчи Греј

556

Тотенхем го комплетираше трансферот на 18-годишниот Арчи Греј од Лидс вреден 40 милиони фунти. Фудбалерот од средниот ред е дете на Лидс, а игра за младинските репрезентации на Англија.
За Греј се интересираше и Брентфорд, на крајот Тотенхем победи во трката.
Лидс не сакаше да го продаде играчот меѓутоа беше принуден поради финансискиот удар поради тоа што пропушти да избори промоција во Премиер лигата. Лидс загуби од Саутемптон во финалето од плеј-офот на Чемпионшип.
Греј одигра 52 меча за Лидс во сите натпреварувања, а на дел од мечевите играше и како десен бек.

ПретходноКонтроверзниот италијански тренер на клупата на Емполи
СледноПОЛУВРЕМЕ: Турција води со гол уште во 58. секунда (Видео)