Крилниот офанзивен фудбалер Марјан Ристовски следната сезона ќе го облече дресот на Брера Струмица. 27-годишниот Ристовски се договори со струмичкиот прволигаш и со стартот на подготовките за новата сезона, ќе му се стави на располагање на тренерот Бојан Круљ.
Марјан Ристовски во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, изјавил Ристовски по потпишувањето на договорот.