Официјално: Легендата на Вардар го засили Пелистер! (ФОТО)

268

Најавите се остварија. Легендата на Вардар го засили Пелистер. Илија Абутовиќ и официјално е ново име во редовите на шампионот.

Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. 35-годишникот, роден во Врбас, се обврза на едногодишен договор со битолчани и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули.

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text
Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони ги мина настапувајќи за Шартр.
Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата.
Абутовиќ во Битола ќе биде претставен на почетокот на подготовките.

ПретходноДенеска стартуваат квалификациите за ОИ: Дончиќ против Хрватска!
СледноБи-би-си кратко и јасно: Мистијано Пеналдо! (ФОТО)