Не во Барселона, уште помалку во Партизан, туку останува во Реал Мадрид и тоа до 2029 година. Ова во текот на денешниот ден го потврди и самиот клуб од Мадрид со официјално соопштение.
Ова значи дека Хрватот и еден од најдобрите кошаркари во Евролигата нема да ја менува средината иако во минатите недели се шпекулираше за такво нешто.
На ова најмогу ќе бидат разочарани фановите на белградските “црно – бели“ кои не кријат дека Хезоња, иако Хрват, им е омилен кошаркар и дека го посакуваат во нивниот клуб.