Во општина Петровец се пресели фудбалскиот прволигаш Гостивар кој има нова база каде што се одвиваат подготовките на екипата. Оваа одлука доаѓа откако раководството на овој клуб влезе во спор со градот Гостивар кој одлучи на стадионот во овој град прволигашките натпревари да ги игра екипата на Беса од Добри Дол.
Турскиот спонзор кој мисли да е „алфа и омега“ во македонскиот фудбал, од ден на ден носи се поконтраверзни одлуки. Така и оваа најновата, клубот да го пресели во Петровец и да го земе под своја команда и фудбалскиот клуб Петровец е помалку чудна. Да се купуваат скапи фудбалски ѕвезди а да се тренира на споменатата локација. Можеби овој потег е поради близината на скопскиот аеродром па и очекувањата во клубот да пристигна и португалската ѕвезда Нани. Во тој случај славниот Нани од аеродром одма би заминал на тренинг.
Низ фудбалските кулоари се зборува дека ФК Гостивар своите домашни натпревари сака да ги игра на стадионот во Ѓорче Петров. Ништо не е изненадување кога станува збор за Гостивар. Лани потрошија толку пари а пласманот на табелата беше очаен, сакаат да му нанесат проблем и да го испаднат Вардар но и тоа не им успеа со своите партнери. И на крајот влегоа во пијар кампањата на една политичка партија, но и таа по 23 години падна од власта…
Секој потег скроз погрешен и без никаков резултат.
Што е следното!?