Кристијано Роналдо за малку ќе беше трагичар за својата Португалија откако промаши пенал, односно Облак му го одбрани во продолженијата при 0:0. Потоа се изнаплака, сепак тој во пенал – серијата погоди а секако дека и Диого Кошта го спаси.
По драмата во Франкфурт тој истакна:
„Една година немав промашено пенал. На почетокот тага, а потоа радост. Така е тоа во фудбалот. Можев да му донесам предност на својот тим, но не успеав. Жалам за навивачите, сепак најважно е што одиме натаму. Очекувам тежок меч против Франција, но ние ќе се бориме. Ова за мене е последно ЕП“ истакна покрај другото Кристијано Роналдо.