Синоќа по тие 0:0 по 120 минути игра, Португалија на пенали со 3:0 ја совлада Словенија и успеа да се пласира во четвртфиналето каде што ќе игра против Франција.
Секако дека херој на Португалците беше голманот Диого Кошта кој испиша историја. Имено тој е првиот голман кој на едно ЕП успеа да ги одбрани првите три пенали, исто така тој е првиот голман кој успела да ја сочува својата мрежа по пенал серијата. Да се потсетиме дека Диого им ги одбрани ударите на Иличиќ, Балковец и Вербич и со тоа урна два рекорди.
„Ова е веројатно најдобрата партија во мојот живот. Бранев по малку и инстиктивно, секако дека ги анализиравме изведувачите на пеналите. Јасно е дека сум среќен што успеавме“ рече покрај другото португалскиот голман по мечот на кој тој беше херојот.