Светски шампион во скок во височина пронајден мртов во Преторија

163

Поранешниот скокач во височина и светски шампион од 2003 година, Жак Фрајтаг, кој се водеше за исчезнат неколку недели, е пронајден мртов во Преторија.

Телото на 42-годишниот поранешен атлетичар е откриено во Преторија, а според информациите тој бил застрелан и неговото тело било пронајдено во поле во областа на гробиштата Зандфонтејн.

Сестрата на Фрајтаг, Криси Луис, минатата недела апелираше за помош за да се лоцира нејзиниот брат, откако тој исчезна на 17 јуни.

Светскиот шампион од Париз од 2003 година во скок во височина имал проблеми со употреба на дрога. Фрајтаг ја изгубил и работата како тренер во Тукс (Универзитетот во Преторија).

ПретходноКадетите утре во Тирана против Албанија стартуваат на Балканското првенство
СледноБрилијантен старт на Ѓоковиќ на Вимблдон