Зарем некој пред три децении можеше да претпостави дека токму Словенците, кои ги нарекувавме „скијачи“, ќе бидат најдобро пласирани на ЕУРО 2024 од сите останати екс-ју држави, од оние кои се пласираа и од оние кои тоа не го сторија. Некогаш и ние ги “мачкавме“ со по 4:1, но Словенците предводени од фантастичниот селектор Матјаж Кек покажаа како треба. Покажаа како се сака својата земја, како се бори за својата земја, секако и како се игра. Без пораз си одат дома и тоа елиминирани во осминафиналето од страшната Португалија на пенали.
Ако Шешко погодеше во таа 115.минута тоа ќе беше “земјотрес“ на ЕУРО, но и вака Словенците може и треба да бидат горди. Посебно емотивно беше по мечот кога Облак и другите заминаа пред своите фанови на трибината на стадионот во Франкфурт а овие еуфорично ги поздравија своите миленици.
И како после да не ги респектираш, како да не ги сакаш. Словенија и дефинитивно станува спортска велесила. Имаат супер фудбалска репрезентација, да не говориме за Дончиќ и кошаркарите, имаа екстра велосипедисти, имаат супер одбојкарска селекција, исто така ракометна, секако скијачи и одлични претставници во скијашките скокови.
А се само два милиони. Па, како бре тоа го прават?
Затоа браво за Словенците…
Today i haven’t mentioned these guys enough. The best fans in the world. Everyone else has left the stadium the fans are still here supporting the team. In the good and the bad. Proud of everyone that came to Germany to support the team pic.twitter.com/PCCSZqfpnj
— Slovenian football🇸🇮 (@sloveninho1) July 1, 2024
Portugalski je po enajstmetrovkah vendarle uspela uvrstitev v četrfinale #EURO2024. Toda zahvala Kekovi enajsterici s tribun je bila bolj ganljiva kot slavje zmagovalcev. @Sport24ur pic.twitter.com/K4KlZQ8bHO
— Tina Hacler (@TinaHacler) July 1, 2024