Турска еуфорија – ја преживеа драмата со Австрија и влезе во четвртфинале на ЕП (видео)

801

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на Европското првенство во Германија откако вечерва во Лајпциг, ја елиминираа Австрија со 2:1. Херој на турскиот тим беше дефанзивецот Мерих Демирел со двата гола но и голманот Ѓунок кој во последните секунди со маестрална одбрана го сочува водството на неговиот тим.

Уште во 58 секунда Демирел се најде на вистинското место по мешаницата пред австрискиот гол и ја смести топката во мрежата (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Веднаш потоа Австријците имаа шанса за изедначување но ударот на Баумгартнер заврши покрај голот.
Во вториот дел прекрасна шанса на Арнаутовиќ, но турскиот голман Ѓунок одбрани во ситуација очи во очи.
Следуваше шок за Австрија. Турција го зголеми водството со вториот гол на Демирел (ВТОРИОТ ГОЛ НА ТУРЦИЈА НА ОВОЈ ЛИНК).

Во 66 минута Грегориш ја врати надежта на Австрија (ГОЛОТ ОВДЕ) .

Австријците притискаа за втор гол, Турција ориентирана на дефанзива. Во 93 минута Турците можеа да стават печат, а контрата Јилмаз не ја претвори во гол.
Во последните секунди Ѓунок фантастично одбрани и ја донесе Турција до победата и пласманот во четвртфиналето каде што ќе игра со Холандија.

Турција трет пат ќе игра четвртфинале на ЕП, а прв пат по 2008 година.

ПретходноХрватска ја растури Словенија во олимписките квалификации
СледноПознати се сите четвртфинални дуели на ЕП