Репрезентацијата на Хрватска славеше победа над Словенија во првиот меч од квалификациите за Олимписките игри во Париз. Хрватите практично ги растурија соседите предводени од големата ѕвезда Лука Дончиќ. Мечевите од оваа група се играат во Атина.
По првата четвртина Хрватите имаа предност од 31-16, а во финишот имаат и 25 разлика, за на крајот да слават со 108-92.
Кај Словенија доминираше Дончиќ со 26 поени, имаше 11 скокови и 10 асистенции, Препелич постигна 19.
Кај Хрватска најефикасен беше Филиповиќ со 21 поен, а Шариќ постигна 19 поени имаше и по 10 скокови и асистенции.
Следниот меч на Хрватска и на Словенија е против Нов Зеланд.
На другите мечеви:
Бразил – Црна Гора 81-72
Египет – Домениканска реп. 77-90
Финска – Бахами 85-90
Грузија – Летонија 55-83
Словенија – Хрватска 92-108
Либан – Шпанија 59-104