Светската музичка ѕвезда Ед Ширан специјално бил ангажиран да ги забавува англиските репрезентативци по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024.
Според ESPN, во понеделникот британската музичка ѕвезда настапи во англиската база во Бланкенхајн, каде што е сместен тимот на Герет Саутгејт за време на Евро 2024 година. Претходно, Ширан присуствуваше на натпреварот против Словачка во 1/8 финалето, каде Англија победи во продолженијата.
Да напоменеме дека Ширан ја посети и селекцијата на Англија и на претходното Европско првенство.
🎸🏴Ed Sheeran performs private concert for England players after Slovakia win
Find out more👇https://t.co/plO1WwTMix pic.twitter.com/C6NYphQCwj
— The Telegraph (@Telegraph) July 2, 2024