Видна беше нервозата кај капитенот на селекцијата на Белгија, Кевин Де Брујне по елиминацијата во осминифаналето од Франција. Тој крајно нерасположен дојде на прес конференцијата и влезе во конфликт со еден новинар од Италија, кој праша дали е ова неуспех и дали жали за „златната генерација“.
„Глупердо една! Кој вели дека е ова златна генерација? Ти тоа го кажуваш, во ред. Многу сум разочаран, секогаш е така кога ќе загубиш натпревар. Јасно е дека ова е неуспех, и второ место е неуспех“ истакна покрај другото Де Брујне.
Kevin De Bruyne calling a reporter stupid when questioned why Belgiums golden generation never won anything… 👊🇧🇪 pic.twitter.com/qXez6iA9AY
— Football Fights (@footbalIfights) July 1, 2024