Тотенхем го комплетираше трансферот на 18-годишниот Арчи Греј од Лидс вреден 40 милиони фунти. Фудбалерот од средниот ред е дете на Лидс, а игра за младинските репрезентации на Англија.
За Греј се интересираше и Брентфорд, на крајот Тотенхем победи во трката.
Лидс не сакаше да го продаде играчот меѓутоа беше принуден поради финансискиот удар поради тоа што пропушти да избори промоција во Премиер лигата. Лидс загуби од Саутемптон во финалето од плеј-офот на Чемпионшип.
Греј одигра 52 меча за Лидс во сите натпреварувања, а на дел од мечевите играше и како десен бек.