Челзи го објави петтото летно засилување, а на „Стемфорд Бриџ“ дојде младиот Кирнан Дјусбери-Хол од редовите на повратникот во Премиер лигата, Лестер Сити.
25-годишниот играч од средниот ред потпиша петгодишен договор со опција на уште една, а неофицијално сумата за трансфер е 30 милиони фунти. Со овој трансфер Дјусбери-Хол се обединува со тренерот Енцо Мареска кои заедно беа во Лестер минатата сезона и изборија промоција во најсилниот ранг.
Тој е петтото засилување ова лето по Марк Гуиу, Омари Келимен, Естевано Вилијан и Тосин Адарабиојо.