Германската министерка побара санкции за Демирал поради начинот на прослава на головите со Австрија

1476

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзер реагираше на скандалозната прослава на голот на турскиот дефанзивец Мерих Демирал на осминафиналето на ЕП 2024 со Австрија.

„Симболите на турските десничарски екстремисти немаат место на нашите стадиони. Очекуваме дека УЕФА ќе го истражи ова прашање и ќе го покрене прашањето за санкции“, рече Фајзер, цитиран од Ројтерс.

Турскиот дефанзивец Мерих Демирал при прославувањето на головите го искористи гестот на турските националисти, што предизвика нов скандал на ЕП.

ПретходноГолден Стејт се засилува со еден од најдобрите тројкаши во НБА-лига
СледноНезаборавниот датум во кариерата на Пеле стана национален празник во Бразил