Херојот Мерих Демирел: Колку е добро да си Турчин!

668

Турција се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во Германија откако во Лајпциг, ја елиминираше Австрија со 2:1. Херој на турскиот тим беше дефанзивецот Мерих Демирел со двата гола, но и голманот Ѓунок кој во последните секунди со маестрална одбрана го сочува водството на неговиот тим.

Турците, пак, не ја кријат среќата. Херојот Мерих Демирел постигна два гола и рече дека е горд што е Турчин.

„Би сакал прво да го кажам ова – колку е среќен тој што вели дека е Турчин? Доживеавме неверојатни моменти благодарение на нашите навивачи. Многу сме среќни, тешко е да се најдат зборови во моментов“, рече турскиот голмански херој Гунок откако неговата земја се пласираше во осминафиналето на еден голем турнир за прв пат по 16 години.

Ѓунок исто веше во еуфорија по пласманот потенцирајќи дека самодовербата по овој дуел на уште поголемот ниво.

„Тоа беше голема победа, им благодарам на сите што не поддржаа, им благодарам на нашите навивачи, народ и граѓани кои продолжија да не поддржуваат и да се молат за нас. Имаме уште многу да одиме, ако е Божја волја ќе одиме до самиот крај. Ние веруваме во тоа. Оваа победа не однесе на повисоко ниво во однос на моралот и самодовербата“, додаде брилијантниот голман.

во четвртфиналето, Турција ќе игра против Холандија.

ПретходноМурињо му позајми играч на Нови Пазар
СледноДончиќ по дебаклот: Ги видов бројките! Страшно!