Попладнево новиот Хајдук, предводен од Џенаро Гатузо игра пријателска со тимот на Радомље. Веднаш се забележува дека во составот го нема нашиот репрезентативец Александар Трајковски во составот на “билите“. И како што е вообичаено веднаш дојде објаснување дека Алекс на вчерашниот тренинг осетил бол во пределот на листот и затоа оваа контрола ќе ја прескокне. Инаку тој веднаш отпатува во Загреб на специјалистички прегледи.
Ова значи дека славниот Гатузо ќе почека да го види Македонецот на дело.