Баерн ќе плати 51 милион евра и уште 5 милиони бонуси за потписот на Жоао Паљиња. Според германскиот новинар Платенберг, се е подготвено за потпис на договорот, само се чека завршување на ЕП 2024, по што Португалецот ќе ги мине лекарските прегледи.
Минатото лето трансферот на играчот од средниот ред во Баерн пропадна во последен момент, бидејќи Британците не можеа да најдат замена за играчот. Минатата сезона 28-годишниот играч одигра 33 натпревари во Премиер лигата, постигна 4 гола и направи една асистенција.
Палиња со Баерн (М) ќе потпише договор на 4 години.