Бахами итаат кон ОИ во Париз, Јанис ја демолираше Доминикана!

170

Па, зарем е можно? Земја со помалку 400.000 жители би можела да игра на ОИ во Париз. Станува збор за репрезентацијата на Бахами кој во својата група успеа да слави денеска и над Полска, па така со две победи во својата група, вчера славеше и против Финска, оваа селекција се пласира во полуфиналето во групата која се игра во Валенсија. Сепак за да се најде во Париз, најверојатно ќе треба да ја победи Шпанија која е во другата група која исто така се игра во Валенсија.

Шпанија пак славеше против Ангола со и со две победи го освои првото место па така во полуфиналето не може да се сретне со Бахамите.

Грција на свој терен квалификациите ги започна уверливо и тоа со победа над Доминиканската република со 109:82. Очекувано Јанис Антетокунпо беше најдобар на паркетот, забележа 32 поени и тоа за само 18 минути игра.

ПретходноУбавата Украинка се пофали дека се сликала со Новак! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Вардар има нови сопственици!