Без македонски судиите на Европското женско првенство

110

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од Европското првенство кое ќе се одржи во три земји, а „црвено-жолтите“ ќе играат во групата во Дебрецин.

ЕХФ ги објави 18 судиски парови што ќе ја делат правдата на претстојното Европско првенство, осум од нив се женски парови. Меѓу номинираните парови нема судиски пар од Македонија.

ЕП 2024 ќе се игра од 28 ноември до 15 декември, покрај Унгарија домаќини се Австрија и Швајцарија. Македонија за противник го има домаќинот Унгарија, Шведска и Турција.

ПретходноБаумгартнер по поразот од Турција: Еден од најтешките денови во мојот живот!
СледноСтојков го продолжи договорот со Брера