Карлос Алкараз немаше никакви проблеми денеска во 2.коло на Вимблдон. Младиот Шпанец со 3:0 во сетови го победи Александар Вукиќ од Австралија и се пласира во следната рунда. Освен во првиот сет, кој Карлито го доби во тајбреј, се останато беше лесно за него. Вториот сет го доби со 6:2, со истиот резултат го доби и третиот сет за конечни и ефектни 3:0. Овој меч траеше помалку од два часа.
Данил Медведев се пласира во 3.коло, но се изнамачи денеска против Александре Милер од Франција. Рускиот тенисер првиот сет го загуби во тајбрејк, потоа го доби вториот сет во тајбрејк, додека во третиот сет беше 6:4 во гемови за Медведев, а во четвртиот 7:5 за конечни 3:1 за Русинот.