Евертон си купи играч за врска од Олимпик Марсеј

145

Евертон и официјално се пофали со ново засилување. Станува збор за сенегалскиот играч за врска Илиман Ндиаје.

24-годишниот фудбалер потпишал договор со „карамелите“  до летото 2029 година. Тој во Англија доаѓа од Франција, каде минатата сезона ги бранеше боите на Олимпик Марсеј.

Олимпик за неговото заминување ќе добие 18,5 милиони евра и уште 1,5 милиони кои се предвидени во форма на бонуси.

Во сезоната 2023/24, Ндијаје одигра 30 натпревари во Лига 1, постигна 3 гола и направи 3 асистенции.

ПретходноСити останува без Едерсон: Бразилецот добил баснословна понуда од С. Арабија тешка 60 милиони евра!
СледноИстанбул на нозе: Мурињо и Фенер спремаат мега – трансфер!